9
мар
2012
Торта со јаболка - посна.
Јаболката ги рендаме, па потоа ги додаваме брашното, шекерот, маслото, какаото, и содата, па мешаме со лажица, додека не се изедначи смесата. Вака добиената смеса ја печеме во тепсија бр.30, ама пред да ја испечеме ја оставаме да отстои еден саат, додека не се појават меурчиња на површината. Печеме во загрена рерна околу 20-на минути, откако ке се олади ја премачкуваме со мармалад и топено чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови