За црн пандишпан
Јајцата поделете ги на белки и жолчки,.Белките матете ги со шеќер, а потоа додајте ги жолчките.
Во изматените јајца додајте брашно, какао и пециво, пополека промешајте.
Во калап каде што печете истурете ја смесата и ставете да се пече.
Печете на 200 степени 25 минути.

За бел пандишпан
Јајцата поделете ги на белки и жолчки.
Белките изматете ги со шеќер, додајте ораси, брашно и пециво. Пополека измешајте.
Печете во истиот калап на 180 степени околу 25 минути.

За фил
Останатите жолчки изматете ги со шеќер, додајте ванила, млеко, брашно се промешајте и варете на тивок оган додека не згусне. Оставете лрем да истине.
Путер оставете на собна температура да омекне.
Во изладениот крем додајте путер и изматете. Алвата изронете ја со рака и ставете ја во филот.

Филувајте ја тортата.
Црн пандишпан, фил, бел пандишпан, фил и црн пандишпан. Одозгора и краевите премачкајте со останатиот фил. Тортата оставете ја во фрижидер да се стегнете.
Краевите на торта посипете со мелени бисквите, одозгора ставете малку од алва.
Тортата многу е вкусна, пробајте.
Добар апетит!