3
апр
2014
Торта од шпагети
Шпагетите ги вариме 10 мин.во зовриена вода со малку сол и 1 лажица масло.
Во тавче го тураме маслото и го додаваме доматното пире, кечапот, саламата, чајната,сирењето и печурките. Кратко ги пржиме додаваме оригано, сол и филот го мешаме со претходно варените и цедени шпагети.
Смесата ја истураме во тава за печење и печиме 30 мин.на 190 степени. Пред да ги извадиме шпагетите ги натураме со кашкавалот и јајцата и печиме уште 5 минути.
Како додаток додадете малку павлака и мајонез заедно измешани со малку копар.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови