
21
мар
2014
Торта од компири со крем сирење
1. Компирите ги вариме. Ги лупиме и ги пасираме. Го додаваме јајцето, путерот, малку сол и убаво мешаме да добиеме компактна смеса.
2. Округло калапче премачкуваме со путре и од сите страни го наросуваме со презла. Половина од смесата со компири ставаме во калапот. Врз неа ставаме парчина кашкавал. Ја ставаме и другата половина од смесата.
3. Целата торта од компири ја премачкуваме со крем сирењето. Посипуваме со презла.
4. Печиме на 180 степени 20 минути.
Лиценца: Сите права се задржани