Подготовка

1. Индиските ореви потпечете ги 5-6 минути во тавче на рингла. Оставете ги да се оладат.
2. Половина од индиските ореви сомелете ги и тргнете ги на страна. Другата половина ставете ги во процесор за храна или сецко заедно со кајсиите. Обработете до соединување. Додајте ги и урмите и обработете, додека да добиете изедначена смеса.
3. Со влажни раце формирајте топчиња и валкајте ги во мелените индиски ореви.

На здрaвје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани