Ручеков можеби бара малку повеќе време за подготовка, но верувајте , непцето ќе ви биде мноооогууу задоволно.
Пробајте го- ние уживавме заедно со црвено вино. Баш празничен ручек.

1. Прво во тенџере ги ставаме колениците, ставаме вода и оставаме така да одмараат 2 часа.
Потоа ги процедуваме и водата ја фрламе. Во пекач ставаме свинска маст, масло и го додаваме ситно сецканиот праз да се запржи. Потоа додаваме сецкана пиперка, сецкан морков и кратко запржуваме.
Тргаме од оган и додаваме сецкан црвен домат, сол, бибер, мајчина душичка,сенф, ловоров лист. Јас додадов само малку зачин, од причина што користев разновиден зеленчук.

2. Колениците ако сакате може да ги извалкате прво во брашно и да се пропржат од сите страни во загреано масло, за да им се затворат порите, и така да ги додадете кај зеленлукот.
Или може да се варат во тенџере околу 30-40 минути со сол, кромид, зрна бибер...И така би добиле бујон.
Јас малку ги подварив, па така ги додадов кај зеленчукот.

3. Пекачот го затворив со капак и ставив во рерна на 150 с да се крчка така, околу 45 минути, односно додека не испари течноста од зеленчукот. Потоа додаваме грашок и бамји , промешуваме и крчкаме уште 20 минути на тивко.

Го вадиме пекачот од рерна додаваме црвен пипер, процеден бујон од варените коленици(околу 300 мл.) и белото вино.
Промешуваме и го ставаме пекачот во рерна да крчка на тивко уште еден час.
Го вадиме пекачот, додаваме покрупни парчиња сецкан компир.
Ако има потреба додаваме малку бујон.
Крчкаме уште 30-40 минути.
Послужуваме топло и уживаме во прекрасниот и богат вкус на колениците.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани