Тестенини со зелен сос
Кој си е љубител на сосови, сега е на право место. Еве уште еден добар зеленчуков сос. Морам да признаам дека овој пат јас бев ученикот. Мојата ќерка ми приготви изненадување.
1. Во зовриена посолена вода, на стандарден начин ќе ги сварите макароните. Исцедете ги и префрлете ги веднаш во чинија за сервирање.
2. Во блендер, Нутрибулет или што и да имате ставете ги состојките за сосот. Измијте ги претходно и спремите ги за мелење. Додајте го маслиновото масло, грчкиот јогурт, сенфот и сокот од лимон. Блендирајте. Добиениот сос прелејте го врз макароните.
Декорирајте со босилек.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови