Телешко месо, бавно готвено во сос од „Кола“ сок, кој го омекнува и му дава малку сладок вкус. Месото одлично се комбинира со слатки сосови, а овде додаваме и малку лут сос, за одличен баланс на вкусовите.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 800 грама телешко месо
  • 1 лименка од 300 мл Кола сок
  • 2 лажици Чили сос
  • 2 лажици сув кромид
  • 4 големи моркови
  • 2 главици кромид
  • 2 -3 чешниња лук
  • 1 коцка за телешка супа
  • сол, бибер и маслиново масло

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.

Подготовка

Чекор 1: Време е за СЕЧКАЊЕ: Морковите исечете ги на листови, дијагонално. Исечкајте ги кромидот и лукот, а потоа и месото на крупни парчиња.
Зачинете го месото со сол и бибер.

Чекор 2: Ставете го месото на малку маслиново масло во Гурмет пекачот на функцијата (Saute`) потпржување, и пржете го од сите страни додека порумени. Потоа додајте го зеленчукот, коцката за супа, па прелијте ги со сокот, чили сосот и зачинете по вкус. По потреба, додајте и малку вода, да се покријат состојките.

Чекор 3: Гответе на функцијата (Slow cook) Бавно готвење, околу 2 часа, или додека омекне месото. Ако јадењето почне многу да врие како што ќе се згуснува сосот, можете да го намалите термостатот под функцијата (Slow cook) Бавно готвење.

Чекор 4: Телешкото месо го сервираме со пире од компир и тиква, а вие може да го послужите со ориз, или тестенини, по желба.

СОВЕТ: Доколку немате можност за користење на функцијата за Бавно готвење, ова јадење може да го подготвите во рерна, покриено со фолија или капак, на температура од 160С. Повремено проверувајте дали има доволно течност во тавата!