Тестото секогаш ми било предизвик.
Го сакам сукалото и ми беше играчка уште кога бев мала.
Со текот на годините љубовта кон него си го правеше своето и постојано се трудев да научам нешто плус.
Почнав со тегнењето на корите, а тоа беше со мали кори,па поголеми кори ...
Сега ќе ви дадам предизвик и вие да пробате да направите една убава голема кора, а да не се помачите воопшто.
Во сад замесете 450 грама брашно со точно 300 мл топла вода. Посолете со малку сол.
Замесете го тестото. Оставете го да одмори 20 до 30 минути.
Потоа ќе го фатите со прстите од доле да не ја растурате многу погачката и префрлете ја на памучен чаршав.
Со сукалка растегнете рамномерно една коричка. Сукајте докаде може да оди. Имам слика подоле да видите одприлика колку.
Штом е готово, со раката ќе ја премачкате добро насекаде со масло.
Оставете ја пак да постои така околу 10 минути.
Потоа спровнете ги рацете под кората и со благи вибрации растегнете ја средината на кората. Значи прво оди растегнувањето на средината. Откако ќе ја растегнеме средината до колку што оди, вратете се на остатокот од кората. Не се плашете тестото е толку еластично, што нема да погрешите.
Кога ја постигнавте саканата големина, поминете со рака и отстранете ги врвовите на кората.
Попрскајте ја со масло, а потоа со филот кој претходно сте го спремиле.
Јас приготвив 3 јајца со 200 грама сирење. Ги помешав да се соединат па ја попрскав кората.
Ги завиткав краевите и со помош на чаршавот почнав да ја обликувам кората.
Кога дојдов до средината ја пресеков коратата за да добијам две парчиња.
Тавата ја премачкав со маргарин и ја завиткав кората во неа.
Веднаш ја ставив да се пече во заграна рерна.
Кога веќе беше печена ја извадив од рерната и ја попрскав со неколку капки вода.
Ја оставив да одмори 5 минути, а потоа ја служев.
Од срце ви ја препорачувам.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови