Брашното го просејуваме,ја додаваме водата,солта и зејтинот и месиме тесто.Месиме убаво 10 минути.Тестото го делиме на 10 еднакви дела од кои се прават 10 топчиња.Ги оставаме така 20 минути.На оган го топиме маргаринот и кон него го додаваме зејтинот.Со оваа смеса ќе ги попрскуваме корите.
Потоа секое топче го расукуваме во коричка со дијаметар од 10 сантиметри.Секоја кора ја ставаме во плех,во кој претходно сме ставиле зејтин на целото дно.Кората од секоја страна треба да биде намастена,такашто ја ставаме во плехот и врз неа ставаме по една лажица од смесата за попрскување.Така правиме со сите кори.Се остават вака корите 20 минути.
За тоа време ги подготвуваме филовите.Овојпат направив 3 фила.Првиот од 400 грама мелено месо запржено со 1 главица кромид.Вториот од запржени 6 млади кромидчиња,а кога оладија им додадов 250 грама урда.Третиот беше од 250 грама урда и разматени 2 јајца.
На чист чаршав ставаме една кора и почнуваме да ја теглиме колку можеме во правоаголна кора.Ја сечеме по должина ,ја попрскуваме со смесата за попрскување од зејтин и маргарин,ставаме од филот насекаде и пак со помош на чаршафот од крајот кон средината правиме ролат кој потоа го префрламе во намастен плех мотајќи го спирално.Од овие кори направив 3 поголеми банични со пречник од 24 сантиметри и 6 мали банички.Една мала баничка е од половина кора.Баничките се печат во загреана рерна на 180 до 200 степени додека да поруменат околу 20 минути.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови