Тесто
- Во одмереното брашно додадете го шеќерот, солта, маста, жолчките и ренданата кора од лимон, измесете тесто кое на почетокот ќе биде ронливо, но со месењето ке ја добие својата компактност. Веднаш со сукало расукајте кора, постелете во модлата во која ќе печето, убаво израмнете прво на дното подота обложете ги ѕидовите- оставете на страна.
Кога го оформувате тестото на ѕидовите на модлата секако дека останува тесто, расукајте и направете си од него некоја декорација.
Фил
- Изматете ги белките со шеќерот, додадете во нив оревите, ренданата кора од лимон и 1 лажица брашно, измешајте да се спои. Истурете во модлата во која веќе е формирано тестото.
- Смоквите исечете на кругови, наредете ги врз филот, декорирајте со форми кои вие сте ги одбрале од остатокот од тестотол ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-40 мин. - внимавајте на рерната.
Прекрасен е тартот...
Совет-
Многумина реагираат на тоа дека не можеле да го постават тестото во модлата бидејки им се рони... да, тоа не е како тесто за сукање, но знам дека доколку се помали јајцата тие 2 жолчки се малку, затоа користете поголеми јајца или снајдете се - додадете уште една мала жолчка - значи тука зависи од големината на јајцата. Овој тарт можете да го спремите и по ваш испробан рецепт за тестото - филот останува ист.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани