Овој десерт е многу лесен нема да ви одземе повеќе од 30 мин, а вкусот и е неодолив поради киселкавиот вкус на малини.Па еве како се подготвува
1. Делете ги јајцата, во еден сад белки, во друг жолчки.
2. Белките матете ги со миксер и постепено додавајте ги 4-те лажици шеќер.
3. Матете додека да се растопи шеќерот.
4. Потоа изматете ги со миксер жолчките додека да ја добиете потребната цврстина и додајте ги во белките.
5. Со миксер соединете ги па додајте го млекото.
6. На крај додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте со лажица да се соединат.
7. Смесата истурете ја во калап за тарт кој претходно сте го премачкале со маргарин.
8. Печете во претходно загреана рерна од 180С - 10 мин. Откако ќе се испече оставте го да се излади.
9. Над изладениот тарт ставете ги претходно исчистените малини подеднакво насекаде.
10. Преливот подгответе по упатството што се наоѓа на него бидејќи секој прелив има различно упатство на подготовка па распоредете го со лажица насекаде подеднакво и оставте да отстои 10-15 мин додека да се стврдне преливот.
11. Исечете го тартот на 8 дела па сервирајте. Добар апетит

Забелешка- преливот мој беше од јагода ( 13 гр ) и на упатството стоеше дека се подготвува со 200 мл вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани