Подготовка:

1. Од состојќите за тестото замесете мазно меко тесто. На набрашнета работна површина расукајте го тестото во дебелина од 2 мм. Со калапот во форма на цвет, извадете форми од тестото и секоја форма ставете ја врз хартиено калапче. Најдобро е во две хартиени калапчиња едно во друго. Така приготвените форми, ставете ги во тава за печење, обложена со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 15 до 20 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги да се оладат, па потоа остранете им ги хартиените калапи.

2. Во сад за матење размате ги, со жица за матење, јајцата за филот со шеќерот и нишестето и додајте ги во топлото млеко, варете ја смесата додека не се згусти. Готовиот фил оставете го да се излади.

3. Изладените кошнички наполнете ги со ладниот фил и декорирајте ги со овошје по желба.

На здравје. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани