Сторени пиперки
1. Пиперките се мијат и се редат во соодветен пластичен сад наменет за храна.
2. Во поголемо тенџере се става водата, солта и шеќерот, сето се зоврива и се трга настрана малку да се излади.
3. Потоа се ставаат конзервансот, винобранот и есенцијата. Се меша убаво и со добиеното солило се потураат пиперките. Се става пластична мрежа и нешто тешко за потискање, се чува во ладно (во визба). За околу еден месец пиперките ќе се сторат.
Годинава прв пат ги правев сторениве пиперки откако најдов рецепт од сигурен извор, бидејќи кој и да го прашав за рецепт, сите ги правеле од око. Битно ми е што кога се јадат не нагорчуваат, тоа ми беше најбитно бидејќи не ги сакам горчливи. Сортава на пиперки ја нарекуваат банана и била наменета за туршија.
Од сега редовно ќе ги правам по овие мерки.
Лиценца: Сите права се задржани