Срце ролнички за моето срценце
Во сад за матење се ставаат путерот и шеќерот. Се матат додека да се растопи шеќерот. Се додава јајцето и се мати за да се добие густа смеса. Потоа се додаваат просеаното брашно, квасецот, јогуртот и сол. Се меси со рака окулу десет минути додека да почне да се одвојува тестото од садот. Тестото треба да биде меко и да се лепи на прстите. Се покрива со крпа и се остава еден час да се подигне (да стаса). По еден час лесно се премесува и тестото се става на набрашнета работна површина. Со сукало се сука правоаголник со димензии 20 50 см. Правоаголникот се премачкува со растопен путер, се посипува со прав шеќер на крај се додава и цимет. Потоа се витка едната страна од тестото до половина, а потоа и другата страна до половина. Со остар нож се сечат парчиња. Секое парче се притиска на долниот дел и малку се повлекува надоле за да се добие облик на срце.
Вака подготвени се редат во тавче обложено со хартија за печење. Се оставаат половина час да се подигнат (стасаат). Се печат во рерна загреана на 200 целзиусови степени окулу 20 минути. Уште додека се врели се премачкуваат со течност направена од 3 лажици шеќер во прав со малку вода да се растопи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови