Сочни цреша мафини
Сезоната на цреши е почната, па додека ги има во изобилие, мора да ги искористиме на секаков начин. Овојпат јас ги вметнав во овие превкусни мафини.
Подготовка
1. Најпрво ги спремаме црешите. Ги миеме, ги цедиме убаво и ги сецкаме на 3-4 парчиња. Тргаме настрана 12 цреши заедно со рачката, тие ќе ни послужат за ставање одозгора врз смесата за мафини. Со помош на алатка за вадење семки (која во моментот не ми беше дома, па морав да импровизирам) или со пошироко цевче ги вадиме семките (видете дополнителни слики).
2. Сега ја припремаме смесата за мафините. Во длабок сад за матење го ставаме јајцето, миксираме до згуснување со постепено додавање на шеќерот измешан со ванилата. Потоа ги додаваме маслото и млекото, соединуваме. На крај го додаваме брашното (претходно соединето со пецивото), миксираме сосема кратко на најспората брзина, или соединуваме со рачна маталка. Во оваа смеса ги додаваме сецканите цреши, мешаме со лажица.
3. Во калап за мафини ставаме книжни каписли и во нив ставаме од смесата за мафините (полниме до половина). Во средината на секоја мафина ставаме по една цреша со рачка. Печеме во загреана рерна на 180 степени за заруменување (јас печев околу 25 минути). Испечените мафини ги вадиме од калапот, ги ставаме врз решетка да оладат, па потоа ги дегустираме.
Забелешка - По желба одозгора наросете шеќер во прав, јас не ставив, бидејќи според мене доволно се благи.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани