Соленки
Сирењето, путерот и брашното се месат во подлабок сад додека не се добие компактна маса. Садот се поклопува и се остава да одстои во фрижидер неколку часа. (Јас обично тестото го замесувам навечер и го оставам да преноќи во фрижидер до наредниот ден).
Оладеното тесто се остава малку да добие собна температура и потоа се расукува во потенка кора. (Се додава онолку брашно колку што е потребно за да не се лепи тестото). Се сечат ленти во зависност од посакуваната должина и се редат на тавче на хартија за печење. Се премачкуваат со жолчка и по вкус се додава ким или сусам.
Се печат во загреана рерна на 180° околу 15 мин.
Уживајте во прекрасниот вкус!
Количината на состојките може да варира во зависност од желбата и потребата, но важно е односот да биде 1:1:1
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови