Солена торта со тортилји (без печење)
Еве една зимска тортичка која брзо се подготвува, декоративна е и вкусна.
Во сад се става изварката која поубаво е ако е малку помрсна и посоленка.
Се додаваат киселите крставички и киселиот морков ситно изрендани, а потоа и ситно исечканиот магоднос и оревот.
Се става киселата павлака, се меша убаво да се добие фил.
Секоја тортилја се премачкува со дел од филот освен последната.
Само со кисела павлака се премачкува најгорната тортилја и по страните, потоа тортичката се сечи со остар нож на осум дела, се декорира по желба.
Се остава во фрижидер неколку часа да отстои, па се служи ладна.
Забелешка
Моите домашни сите не јадат салама, инаку во филот се додава околу 250 гр. исечкана шунка.
Ако немате кисел морков од туршија, ставете 2 обарени моркови.
По вкус може да се стави и рендано сирење.
Доколку сакате тортата да е повисока, дуплирајте ги состојките.
Среќни празници!
Лиценца: Сите права се задржани