Брз и лесен ролат кој може да го направите и со други состојки кои во моментот ви се најдуваат.
Обландата се премачкува со павлака (нема потреба да се става во мокра крпа бидејќи довоно ќе омекне и од самата павлака), и се остава да омекне, а за тоа време се варат 2 јајца, па се сецкаат ситно, исто и краставичките се сецкаат и се промешуваат со мајонезот и павлаката. Не мора да ја употребите цела павлака, а исто може да доадете и некоја друга состојка.
Кога ќе видите дека обландата доволно омекнала, ставете го и другиот фил, и на едниот крај наредете маслинки без семка. Завткајте го во ролат, и оставете го да отстои малку пред да го сечете.

Јас едниот ролат го направив со маслинки, а другиот само со филот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови