17
фев
2012
Солен колач од јогурт и шунка
Исецкајте ја шунката и краставичките на мали коцкички.
Кашкавалот ситно изрендајте го.
Измешајте ги јогуртот и јајцата, додадете го брашното, солта, прашокот за печиво, сето тоа измешајте го за тестото да биде изедначено, без грутки.
Потоа додадете го маслото, па шунката, краставичките и кашкавалот, па на крајот мајчината душица.
Смесата соединете ја, префрлете ја во плех или калап обложен со хартија за печење.
Печете на 180-190 степени, околу 30-40 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ете, убаво би било и Кирил следен пат кога ќе го прави овој рецепт, да ја промени фотографијата со своја преку копчето Измени, затоа што ова е навистина одличен рецепт и на многумина им се допадна :)
Потоа, откако рецептот е објавен, може да се прочита во кои рецепти се користени авторски фотографии на крајот на рецептот.