Во вангличка ги ставаме јајцата, солта, биберот и матиме со миксер додека не добиеме густа смеса.
Со исклучен миксер додаваме масло, кисела вода, млеко, дробено бело сирење, сецкан, добро исцеден спанаќ, соединети пециво и брашно.
Со лесни движења на шпатула ја соединуваме смесата и ја истураме во правоаголна ростер тава.
Јас на површината на една половина ставаив сусам, а на другата лут буковец.
Печиме во загреана рерна на 180 с, околу 35 минути, односно додека убаво не зарумени.
Испечениот солен колач го вадиме на кујнска решетка убаво да се олади, па сечеме на парчиња и послужуваме со чаша јогурт.
Користев филџан за кафе од 100 мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани