Има ли нешто поубаво од домашен сок кој сами сте си го направиле. Израдувајте ги вашите дечиња со домашен фруктал сок, неговата припрема воопшто не е тешка, а прекрасниот вкус е загарантиран.

Подготовка -

1. Морковите и тиквата ги лупиме, сечеме на помали парчиња, ги миеме убаво и ги ставаме во тенџере со вода (одприлика колку убаво да се прелијат) ги оставаме да зовријат и вариме додека да омекнат.
2. Кога ќе бидат прикрај со варењето, тогаш ги додаваме јаболката (истотака лупени, сецкани на помали парчиња и убаво измиени) Нив им треба кратко време за да омекнат.
3. Сега ги блендираме сите состојки до добивање на мазна каша.
4. Течноста каде што ги варевме потребните состојки ја прецедуваме и ја додаваме на добиената (изблендирана) каша.
5. Се става се во едно поголемо тенџере, додаваме и уште вкупно 4 литри вода и 1 лимонтус. (ако сакате поредок или погуст сок, тогаш додајте повеќе или помалку вода-по желба)
6. Го додаваме и шеќерот (кој истотака може да го намалите или зголемите според вашиот вкус)
7. Се собира жежок во стаклени шишиња или ладен во пластични шишиња.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови