Сникерс ролат
1. Во длабок сад белките се матат во цврст снег, па постепено се додава шеќерот со постојано матење додека се добие цврст шам.
2. Потоа се додаваат една по една жолчките и маслото, се мати додека да се изедначи смесата. На крајот се додаваат брашното, пудингот од ванила и мелените кикиритки, па полека се меша со лажица.
3. Смесата ставете ја во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени, околу 15 минути. Печената кора се витка во влажна крпа за да омекне.
4. Кикиритките ставете ги во блендер и блендирајте додека да се сомелат, па додадете ги маслото и медот, повторно блендирајте додека смесата да стане кремаста.
5. Во тенџере на оган ставете 300 мл млеко и четири лажици шеќер да зоврие. Во преостанатите 100 мл млеко промешајте го пудингот од чоколадо и додадете го во зовриеното млеко. Мешајте постојано додека да згусне.
6. Додека е топол пудингот, додадете го чоколадото искршено на парчиња и мешајте додека да се растопи. Во изладениот фил се додава омекнатиот маргарин и се мати со миксер, се додава путерот од кикиритки и се меша да се изедначи смесата.
7. Изладената кора се одвиткува и се премачкува со приготвениот фил, се витка во ролат, се мота со сува крпа и се остава да се стегне.
Со изматениот шлаг крем украсете го ролатот по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови