13
апр
2012
Сникерс - плазма колач
Маргаринот, шеќерот и млекото ги ставаме на оган. Откако ќе се стопи шеќерот го додаваме и чоколадото. Го тргаме од оган и ги додаваме кикирите и плазма бисквитите. Се заедно убаво се меша и се става во правоаголно тавче. Одгоре се потура со глазура од чоколадо. Откако убаво ќе се стврдни се сечи на коцки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови