Се вари сируп од шеќерот и водата. Се остава малку да се излади. Во сад се ставаат омелените бисквити, кикиритки, маргарин и на крај се додава сирупот. Се меси додека не се добие мазна смеса.

Во тавче обложено со најлонска фолија се распоредува смесата. Се прелива со 100гр чоколадо стопено со 3 лажици масло и над него се додаваат сецканите кикиритки. Се става во замрзнувач 30тина минути. Се сечат на штангли или коцки и секоја коцка се прелива со чоколадо.
Од истата смеса некогаш ги правам и бомбици. Прво ги валкам во чоколадо, па во кикиритки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови