Мирисни и ровки, се топат во уста. Класични и добро познати саларки, еве го и мојот рецепт, со додавање на кокос, кој го обожавам. По обичај ги правам за зимските празници- пробајте ги.

Подготовка:
1. Сите состојки ги ставаме во садот во кој ќе ја замесиме смесата. Месиме со постепено додавање на брашното (точната количина не ја напишав, додавам постепено, бидејки зависи и од останатите состојки) додека да добиеме средно меко тесто кое ќе може да се бутка низ калапче. Ги пуштаме колачињата во тавата и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 15-на минути(сепак проверете според вашата рерна).

Топли ги валкаме во прав шеќер, и одозгора ги посипуваме со помош на цедалче.

Готовите колачиња чувајте ги во кутија... Колку подолго стојат, толку се повкусни.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани