Смоквите освен што се хранливи и многу вкусни, истотака се сметаат за едни од најздравите намирници во светот, богати со нутритивни влакна, витамини и минерали. Изобилуваат со магнезиум, калиум, калциум, железо, фосфор, бакар и витамините Б1, Б2, Б6, Ц, па затоа ако обожавате смокви, пред да им помине сезоната, еве еден предлог од мене за едно превкусно смути.

Подготовка
1. Во чашката од блендерот ги ставаме овошките (измиени и исецкани на помали парчиња). Ги додаваме бадемовото млеко и коцките мраз.
2. Блендираме додека добиеме хомогена смеса. Ако сакате поретко смути додајте повеќе млеко и повторно изблендирајте.
* За мој вкус, поради блажината на овошките, немаше потреба од засладувач и затоа не ставив ништо за таа цел.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани