22
фев
2014
Погача Слоново уво
1. Стасаниот квасец се замесува со брашното, солта, јајцето и јогуртот.
2. Убаво се меси тестото и се остава да надојди.
3. Тестото се сучи со сукало и се вадат тркалезни форми со чаша.
4. Секое парче што се вади со чашата се потопува во растопен и млак маргарин.
5. Парчињата се редат во два реда и тоа првиот ред во насока на стрелките на часовникот,а вториот обратно од првиот ред.
6. Пак се кисни се мачка со жолчка и сусам и се печи на 190 степени околу 40 мин.
Погачата и исто многу вкусна и мека ако се замеси и со обично млеко
наместо јогурт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови