За подготовка на овие грицки потребен ви е калап за равиоли. Ако го немате тогаш може и без него, се сучи кората, се нанесува полнењето, се преклопува и се сечи на посакувани форми.

Подготовка:
1. Се замесува тесто од сите состојки и се остава да се одмори десетина минути.
2. Тестото се дели на 4 дела. Се расукува едниот дел со големина на калапот, со рака лесно се стега колку да се видливи вдлабнатините, а во нив се става од сирењето. Се преклопува со друга расучена кора, преку неа се поминува со сукало, а потоа парчињата се истресуваат на набрашнета површина. Истото се повторува со другите два дела од тестото.
3. Од оваа количина на тесто излегуваат околу 150 грицки. Се редат на плех прекриен со хартија, се премачкуваат со јајце и наросуваат со сусам. Се печат на 180 степени додека не заруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови