Едноставно се приготвува, за 15 минути отприлика е готово, а уживањето е потполно.

Подготовка:
1. Филето исечете го на парчиња отприлика 2,5 цм. Лентите пршута прилагодете ги на дебелината на месото.
2. Секое парче месо завиткајте го со пршута. На крајот ставете чепкалка, за да не ви се отвора во пржењето.
3. На масло испржете го месото по 5-6 минути од страна. Ставете го доматниот сос, виното, зачинете по вкус, намалете ја температурата, покријте ја тавата и оставете да се покрчка уште 5-6 минути. Нека ви е на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови