Прекрасна текстура, ароматични, свиленкасти се овие палачинки.

Во нутрибулет јас ги ставив тиквата и млекото и убаво ги соединив.
Потоа во вангличка ги ставаме соединетите состојки, јајцата, зачините, киселата вода и брашното.
УБАВОООО ја изедначуваме цела смеса да нема грутчиња.
Оставаме да одмори 15 минути.
Потоа на класичен начин ги пржиме палачинките.
Јас ги полнев со нутела крем, половинки банани.
Ги виткав како сарми.
Декорирав со растопено чоколадо
Имав и бугарски мед од ружи, пробав и така ... надополнив со мелен орев
вкусотијаааа

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани