Свечен ручек со едноставни состојки
Така едноставно, а толку вкусно!
Направете ја смесата од месото со тоа што ќе ги додадете сите состојки, кромидот изрендајте го, измесете убаво и формирајте 6 топчиња.Зачинете по ваш вкус. Оставете ги во фрижидер.
Компирите сварете ги со лушпа. Излупете ги и додека се жешки додајте им го путерот и зачините и изгмечете ги со соодветна алатка.
Тавата во која ќе го печете јадењето премачкајте ја со масло.
Ставете ги компирите и измазнете ја смесата. Потоа со прсти или со некоја алатка поделете ја смесата на 6 дела. Секој дел во средината притиснете го со дното на некоја чаша. Во длабнатината прво ставете малку рендан кашкавал, а одозгора топче од месото.
Длабнатините пополнете ги со кечап.
Околу месото ставете рендан кашкавал. Месото пред печење премачкајте го со малку масло.
Печете во загреана рерна на 200 степени. Од почетокот прекриено со фолија, а потоа извадете ја убаво да се запечи.
Послужете со закиселена рукола и домати, совршено одговара.
Налијте си една чаша винце и ушивајте во празниците.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови