Зборот мутабак на арапски значи „преклопен“.
Муртабак е еден од најмногу популарни рецепти, на улична храна и е познат и како „Мартабак“.
Мартабак е полнето и пржено лепче, палачинка, која често се служи како улична храна во земји како Саудиска Арабија, Јемен, Индонезија и Малезија.
Иако полнењето може да варира, најпопуларното полнење вклучува пилешко месо, мелено месо, јајца, лук, кромид,........зачини
Па еве ја изведбата во мојата кујна на ова вкусно јадење.

Прво во ванглилчка ги ставаме солтта, маслото, брашното и додаваме вода.
Замесуваме, мазно нелепливо тесто.
Врз него капнуваме 2-3 капки масло, го покриваме и оставаме да одмори, додека го подготвуваме полнењето.

На загреано масло го запржуваме ситно сецканото кромидче, додавме сецкан лук.
Потоа додаваме ситно сецкан пилешки, стек, пржиме, зачинуваме, па додаваме сецкано чили, коцки црвен домат.
Крчкаме неколку минути.
На крај додаваме сецкан магдонос или коријандер.
Перца од млад кромид немав и не ставив.
Вака подготвеното месо го оставаме да се излади.
Земаме 2-3 јајца, ги зачинуваме и ги додаваме на претходно подготвениот фил.
Соединуваме.
Сега тестото го делиме на 6 топчиња.
секое топче го расукуваме во танка коричка.
Во средината ставаме парче моцарела и врз него убаво полни 2,3 фил.
Преклопуваме од едната, па од другарат страна.
Ги преклопуваме уште двете страни.
Формираме коцка.
Загреваме тава на умерен оган.
Ставаме некоја капка масло.
Ги пржиме од двете страни да заруменат.
Со штипалка го фаќаме парчето Мартабак и го запржуваме и на страничните делови.
Ги ставаме на хартија, кратко и топли ги послужуваме.
Топло ви препорачувам да ја подготвите оваа несекојдневна рецепта

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани