Во брашното додајте ја солта. Полека додавајте 1/2 лит. од водата мешајќи со миксер на најмала брзина. Ставајте вода додека добиете смеса потенка од онаа за палачинки. Нешто како несварено млеко.
Загрејте ја тавата за питулици или палачинки. Намастете ја со салафетка натопена со масло. Ставајте половина чорбарка(средна) од смесата и убаво разлејтеја во тавата. Пржете од едната страна додека порумени(не поруменува многу само се појавуваат точки), завртете ја од другата страна да се допржи. Ваѓајте ги на рамна чинија.додека ги направите сите. Од оваа смеса излегуваат некаде 15-17 питулици со дијаметар 20 цм.
Најдобро е да се прават во две тави за побрзо, бидејќи треба повеќе време.

Откако ги направивте сите, во сад(мал) ставете ја водата (жешка колку што може да издржи прстот) и маслото и секоја питулица завиткајте како четвртинка, намакајте ја во смесата убаво на краевите. Одвиткајте ја и ставете од филот, завиткајте ја како ролна и редете ги на плех намачкан со масло. Кога сите се завршени ставете ги да се потпечат на 250 степени додека поруменат....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови