Ролат со банана
Ги матиме со миксер јајцата, шеќерот и ванилата, а пота ги додаваме брашното и какаото. Смесата ја нанесуваме на плех, обложен со хартија за печење и печеме 10-на минути на 180 степени.
Во меѓувреме го правиме пудингот и го оставаме да се олади. Кога ќе се излади го додаваме маргаринот и матиме со миксер. Испечениот пандишпан го вадиме од тавата, ја одлепуваме хартијата за печење и го премачкуваме со филот, ставаме и две-три цели банани и виткаме ролат. Ролатот го премачкуваме со шлаг крем и рендаме чоколада за готвење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови