Ролат Попај
Вкусен и декоративен солен ролат за најразлични пригоди, рецепт од домашните тефтери запишан под ова име.
1. Млекото и маслото се ставаат да зовријат заедно, веднаш се тргаат настрана, се тура брашното (помешано со пецивото), со вилушка се меша убаво до издначување на смесата и до нејзино одвојување од садот.
2. Штом подизлади (да биде млако), смесата се претура во друго вангличе и постепено едно по едно се додаваат јајцата со миксирање и на крај се додава спанаќот кој претходно е убаво измиен, исечкан и исцеден.
Се изедначува сето убаво, се претура во плех од шпоретот (јас печев во Делимано Ростер тава), се печи на 180 степени околу 35 минути.
3. Штом се испечи се става во влажна крпа, заедно со неа се витка во ролат и се остава да се излади.
4. Сите состојки за филот се мешаат убаво, со него се премачкува изладената кора, пак се завиткува во ролат и се чува во фрижидер. Пред служење се сечат парчиња и се сервира.
Пробајте го Попај ролатот и бидете силни како него, ха, ха, ха ...
Лиценца: Сите права се задржани