30
јан
2016
Ролат колачиња со ореви
Ставете ги сите состојки освен чоколадото и измесете ги. Поделете ја смесата на половина и во едната ставете го чоколадото.
Од оваа количина можете да направите или еден поголем, поширок ролат или два како што јас правам. Ако правите два ролати и двете смеси поделете ги на два дела.
Најпрво меѓу два листа хартија исучете ја смесата без чоколадо, врз неа ставете ја исучената смеса со чоколадо. Свиткајте го ролатот и до употреба чувајте го во фрижидер
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови