Рендана салата со компир, кисели краставички, цвекло и праз (посно)
Прв пат кога ми ја спомнаа салатава и ми рекоа дека била убава, се скиселив, но решив да ја пробам. Се одкиселив веднаш =))
Необична комбинација, но многу вкусна.
Компирите сварете ги со лушпа. Поубаво е да се посуви, да не биде воденеста салатата. Кога ќе се сварат, оладете ги во ладна вода, излупете ги и изрендајте ги на ситната страна од рендето. Ставете ги во голем сад за потоа да можете де мешате.
Киселите краставички исто така изрендајте ги на ситната страна од рендето во еден сад. Со рака исцедете ја течноста што е можно повеќе и додадете ги кај компирите.
Цвеклото исто така изрендајте го, исцедете го со рака и додадете го во садот со компирите и краставичките.
Празот исецкајте го најситно што можете и додадете го во големиот сад.
На крај додадете го мајонезот, промешајте и одлучете дали е доволно или ќе додадете повеќе.
За посната варијанта користете посен мајонез или Мајонез (намаз) со лук.
Салатата можете да ја прилагодите по ваш вкус, но основата е цвлеко и краставички во иста количина, компири двојно повеќе од количината на цвеклото, праз и мајонез по вкус.
Лиценца: Сите права се задржани