Исчистената тиква ја сечеме на помали парчиња и ја ставаме да се вари со 3 ванили, 3 лажици шеќер и околу 400 мл вода. По 20 минути, кога тиквата ќе омекне, се зема околу 50 мл од течноста во која се вареше тиквата. Во неа го раствараме желатинот. Тиквата со останата течност се блендира со рачен блендер. Се додава млекото и се става на оган. Кога ќе зоврие се додава пудингот растворен во малку вода и 3 лажици шеќер. Кога ќе се згусне,се трга од оганот, се додава желатинот, се меша убаво и се сипува во садови за служење. Кога сосема ќе олади се посипува со цимет и се декорира по желба.