Прекрасни, по рецептот на Агица, навистина прекрасни,  за да не се каете, веднаш дупла доза правете
 
1. Со жица се уработува жолчката со шеќерот во прав, се додава румот и водата и се измешува. Потоа оваа смеса се става на пареа и се вари се додека не почне да дното од садот да останува трага, бразда мислам.
2. Кога веќе е сварен се трга и веднаш во врело се става маргаринот и пудингот, се меша да се стопи маргаринот и да се спои прашокот од пудинг (значи не се вари, само се додава прашокот). Се остава да се лади.
3. Кога е доволно оладен, се прават бомбички. Смесата е одлична за валкање мегу дланките. Валкајте ги во кокос, мелени лешници или ореви... изберете си вие.

Забелешка
- Од оваа смеса излегуваат 15 бомбици од по 15 грама од прилика.
- Јас малку си поиграв - бидејки беше пудингот од ванила, ги потопував со стопена бела чоколада.
- сосема одлични од чоколаден пудинг, а со останатите врсти останува да пробам.
Да ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани