Овие Прленки јас си ги нарекувам Прленките на Руми, кои се спремаат брзо, крцкави, зачинките даваат посебен вкус- на Руми се затоа што е по нејзин рецепт и долго време одмакинети кај мене, сите ги сакаме.

ПОДГОТОВКА
1. Во поголем сад во кој ќе месите, растворете го квасецот, додајте го шеќерот, сочекајте да се активира, додадете солта, брашното и зејтинот, измесете (може и со лажица да се добро измеша), покријте го тестото и оставете го на топло место околу 15-20 мин. да стаса. Премесете го и повторно го оставете за да стаса.
2. Загрејте ја рерната на 250Ц или (480Ф) и ставите ја тавата во која ќе ги печете и сочекајте да се тавата загрее.
3. Извадете ја топлата тава и брзо ја намачкајте со зејтин или маргарин. Земете од тестото и ставете го во тавата, потоа со мокри раце сплескајте го тенко тестото и оформете ја питката, врате ја во рерната и печете додека зарумени. Веднаш откако ја извадете од рерната премачкајте ја со маслинов зејтин или маргарин, посипете со шарена сол.
Се така додека имате од тестото.

Забелешки
Големината и размерот на прленките зависи од вас и од размерот на тавата во која ке печете. Јас кога земам од тестото при самото истенчување во тавката ги правам во долгнавеста форма и печам по три питки, а најлесно ми е кога ќе ги оформам питките на работната површина, а потоа при пренесувањето во тавата само ги издолжам и ги ставам да се печат. Времето на печење е околу 10 - 15 мин.
Јас секогаш месам од половина доза по рецептот. Чашата со која мерам е од 250 мл.
Честопати правам и така што ке ги премачкам со зејтинот малку, ставам од шарената сол и така ги печам, а потоа повторно истото го направам како што е во рецептот - на веќе испечени повторно премачкам и ставам од шарената сол.

Шарена сол - тоа е мешавина од буковец, сол, чубрика и бела детелина, јас ја купувам во мешавина, а можете и сами да си ја спремите.
Па нека ви се слатки!
Руми ја поздравувам!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани