Подготока
Тесто
Водата, маслото ставете ги заедно да зовријат. Брашното додадете го во водата. Оставете тестото да се олади. Во ладното тесто додавајте ги јајцата едно по едно и прашакот за пециво матејќи со миксер.

Од тестото правете крофни со готварски шприц или кеса во која ќе направите средно дупче. Редете ги на тава покриена со хартија за печење.
Рерната загрејте ја на 220 степени и печете 20 минути, па уште 5 минути на 150 степени. Не ја отворајте рерната додека крофните се печат. Откако ќе бидат готови оставете ги да се изладат
Фил
Изматете ги јајцата со шеќерот, пудингот од ванила, густинот и 200мл млеко. Преостанатите 300мл млеко оставете да зовријат. Кога ќе зоврие додајте ја смесата и варете како пудинг. Изладете го кремот и изматете го заедно со путерот.

Оладените крофни пресечете ги на половина, филувајте во средина со ванила кремот врз него ставете една лажичка џем од јагоди па посипете со шеќер во прав.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани