7
авг
2019
Пржени печурки со путер
Вака приготвените печурки се супер мезе и добра замена за печурките на скара.
Јас користев цели печурки, па ги сечев дома.
Исечените печурки се ставаат во тава и се пржат се додека не им испари течноста.
Откако течноста ќе испари, се додава путерот и се пржат печурките до заруменување.
Пред крајот, се посолува, се наросува мелен црн бибер и се додаваат и другите зачини и се допржуваат уште малку.
Јас користев сув магоднос, затоа што немав свеж.
На здравје!