Овој рецепт го гледав на телевизија уште пред да се запишам на факултет, значи повеќе од 10 години. Беше лесен, интересен и беше некое национално јадење во некоја земја. Според последнава реченица јасно ви е дека пубертет ме мавал ко луд и сум покажала особен интерес за рецептов и историјата =))

Компирите се сецкаат на ситни коцкички и се ставаат во масло да се пржат. Се пржат додека не фатат убава крцкава коричка.
Тогаш се додаваат матените јајца и убаво се меша.
Толку!

Е сега. Ова е доза за двајца или еден многу гладен =))
Пожелно е да се приготвува во мали дози бидејки така поубаво се пржи компирот, останува покрцкав и поубав е во комбинација со јајцето.
Ако количината на компир е поголема, најчесто тој омекнува, па нема таков контраст со јајцето.
НЕ СЕ МАЧЕТЕ да рендате. Тапа е. Пробав и така да ја забушам работата и не се мачете со големи парчиња, пак не е тоа тоа. Во никој случај нема да биде лошо, ама правиме муабет за најдобро. Целата убавина е во крцкавоста на ситните парчиња компир.

Нема потреба од фала, де. Наши сме си =))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани