Овој рецепт во буквален превод од кинески значи темноцрвено пржен модар патлиџан.
Името црвено означува јадењето треба да има црвенкаста накај темна боја. Има неколку други кинески јадења каде во целото име има хонгшао (црвено пржен) и освен главната сосотојка (свинско, риба..) другите се доста слични.
Интересен факт за зборов црвено на кинески -хонг- во јадењата значи темно црвено. На пример црниот чај се вика хонгча, кафеавиот шеќер, хонгтанг.