Фантастична, празнична баклава со орев, бадем, лешник и цимет
Баклавава со право го носи името фантастична.
Воедно тука ќе напишам и мали финти, кои се користат за нејзиното совршенство.
Прво во новиот и прекрасен апарат за готвење со топол воздух ги тостирав бадемите и лешниците, и тоа само 4 минути на 170 степени.
Им ја одстранив и лушпата на некои зрна.
Потоа крупно ги сомелив во нутрибулет.
Сега во еден сад ги соединив бадемите, лешниците, мелените ореви и циметот.
Оставаме на страна .
Сега земаме плех во кој ќе ја редиме баклавата.
Корите прво ги кроиме, со одсекување на деловите кои инаку би ги преклопувале и не би добиле иста висина на баклавата.
Исечените парчиња пак ги користиме, односно јас си броев од две парчиња си формирав нова кора.
Во мала касерола на тивок оган ги соединуваме путерот за мрсна или маргаринот за посна варијанта со маслото.
Додека ги премачкуваме со четка корите, маснотијата треба постојано да ни е топла.
Сега, дното на тавата со четка го премачкуваме со маснотија.
Ја ставаме првата кора,
Со четка ја премачкуваме кората.
Врз неа ставаме втора кора.
И неа ја премачкуваме со маснотија.
Ставаме трета кора.
Неа не ја премачкуваме со маснотија.
Туку врз неа расфрламе една рака од подготвените јатки.
Врз нив ставаме кора, која ја премачкуваме со маснотија, повторно кора, маснотија, кора...
Постапката е иста до крај.
Значи третата кора не ја премачкуваме со маснотија, туку ставаме јатки со цимет.
Последните три кори не ги премачкуваме со маснотија.
Нив многу тенко ги премачкуваме со малку вода и многу малку масло.
На овој начин во печењето и попарувањето нема да се подигнат коричките.
Сега, многу внимателно ја сечеме баклавата на парчиња, по желба.
Ја премачкуваме со остатокот на загреаната маснотија.
Ја ставаме во загреана рерна да се печи на 170 с околу 45 минути.
Кога ќе ја ставиме баклавата во рерна тогаш во касерола налеваме вода, додаваме шеќер, кришки лимон.
Од кога ќе зоврие шербетот го намалуваме огнот и вариме, 5-7 минути.
Ја исклучуваме ринглата и го оставаме шербетот да стои на рингла.
Ја исклучуваме рерната и ја вадиме на страна баклавата.
Така нека одстои 5-10 минути.
Баклавата сега внимателно во три наврати ја попаруваме.
Значи со кутлача прво во тенок млаз ставаме, еден до два кутлачи.
Нека одстои така пет минути.
Повторно ставаме 2-3 кутлачи.
Нека одстои така 10 минути.
И повторно внимателно го дотураме шербетот кој ни остана.
Сега баклавата ја оставаме на собна температура да одстои барем 7-8 часа.
Потоа послужуваме.
Верувајте дека вкусот и е совршен.
Можеби бара повеќе време за подготовка, но секоја потрошена минута се исплати.
Лиценца: Сите права се задржани
Milo mi e sto mojov trud go primetivte