Секојдневно нешто, брз и вкусен летен ручек, особено лесно и безбедно кога си пржите во Делимано тава.

1. Кашкавалот се сечи на парчиња и се валка по стандардната процедура
~ брашно (помешано со мешан сув зачин) ~ јајце ~ презла ~
Се пржи кратко за да не почне кашкавалот да се топи.

2. Пиперките (претходно печени, лупени, исцедени) се похуваат во остатокот од состојките за валкање по истата постапка.

3. Тиквичката (претходно исечена на кругови, посолена) ја валкаме само во брашно и ја пржиме, или ако ја похуваме ќе ја повториме претходната постапка, нормално со дополнување на состојките кои ни се потребни за похување.

Со некоја салата и гарнир по избор, имајте пријатен ручек!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани