Подготовка:

1. Во оваа тава не ставам и не запржувам ни кромитче ни лук. Овде во оваа мешавина од зеленчуци има се. Не запржувам ни оривче ни булгур, едноставно ја ставам цела таа замрзната мешавина, па го додавам миениот ориз и булгур, попрскувам со масло, а потоа попарувам со жешка вода. Зачинувам,промешувам и одма тавата оди во загреана рерна.

2. Веднаш почнува со крчкање, не останува да киснат оризот и булгурот. Ако сакате, при печењето, промешајте,но јас намерно оставам така да си крчка и зеленчуците да останат на површината. Тоа е омилената посна тава на моите деца. Ги обожаваат клавчињата, црниот грав, спојот на сите тие зеленчуци кој го прават тој мексикански микс.

На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови