Убав, лесен брз рецепт за посни колачиња.
Се прават бргу, се јадат уште побргу.

Подготовка

1. Замесете ги сите состојки, брашното, кокосот, лешниците мелени, пецивото, ванилите и шеќерот во прав.
Месете убаво да се соедини смесата.
2. Правете топчиња,а потоа виткајте како потковиче.
Е сега јас ги ставив блиску едно до друго, па малку се залепија. Оставете простор зашто се расплеснуваат при печењето.
3. Наредете на хартија за печење и печете во загреана рерна.
Штом поруменат, вадете и валкајте во шеќер во прав.
Сервирајте ладнички.
Нека ви е на здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови