Ова е еден од моите омилени рецепти за брзи колачиња кои се топат во уста.
Во сад на оган се ставаат водата и шеќерот да зовријат.
Во друг сад се топи чококадото па се додава во предходниот сад со вода и шеќер и се меша да се соединат.
Во друг сад се ставаат мелените бисквити и мелените ораси заедно со маргаринот кој е предходно исецкан на коцки и се додава шербетот.
Целата смеса се меша и се става во силиконски калапчиња.
Калапчињата се ставаат во замрзнувач да стегнат.
Се филуваат по желба.
Јас за фил растопив чоколадо за готвење во микробранова.
Добар апетит на сите вредници !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани